Почитувани деца и возрасни

Ора и песни што се пренесуваат од колено на колено.

Ве очекуваме на рекреација, дружење и учење македонски традиционални ора и песни. Придружете ни се и станете дел од нашата приказна.

Пар во традиционална македонска народна носија

За нас

Ансамбл Традиција е фолклорен ансамбл посветен на негување, изучување и промовирање на македонското национално творештво.

Ансамбл Традиција е место каде македонската традиција се среќава со современиот дух, а фолклорот се доживува не само како игра, туку како љубов, култура и начин на поврзување.

Нашата приказна ја градиме преку македонските ора и песни, музика и народни носии, со почит кон изворното, но и со желба традицијата да ја приближиме до новите генерации. Создаваме заедница во која секој може да учи, да напредува, да настапува и пред сè да ја почувствува убавината на македонското културно наследство.

Од најмалите до највозрасните, сите нè обединува една љубов, а тоа е традицијата.

Ансамбл Традиција — чувари на минатото, градители на иднината.

3

групи — за почетници, за напредни и за возрасни рекреативци

Мисија

Ансамблот Традиција се стреми кон квалитетна и посветена работа, правилно пренесување на фолклорното наследство и создавање генерации кои со гордост ќе го чуваат и продолжат она што ни е оставено од нашите предци.

Визија

Сакаме Ансамблот Традиција да прерасне во препознатлив и квалитетен фолклорен центар кој со љубов, знаење и посветеност ќе ја продолжува приказната за македонската традиција, достоинствено дома и пред светот.

Цел

Нашата цел е да создадеме квалитетни играорци, да развиваме љубов и почит кон македонската култура и да обезбедиме простор во кој секоја идна генерација ќе може да учи, создава и расте преку фолклорот.

Нашата традиција да не биде само наследство што го чуваме, туку преку настапи, концерти, фестивали, гостувања и соработка со други ансамбли да биде вредност што активно ја живееме и ја пренесуваме понатаму.

Раководител на ансамблот

м-р Едита Автова

Дипломиран професор по предучилишно воспитание, истакнат солист од прв ред, вработена во Н.У. ТАНЕЦ — Скопје.

Групи и распоред

Мала група и почетници

Кога
Понеделник и среда, 17:00–18:00
Каде
Мала сала, „Ј. А. Коменски“

Средна група

Кога
Понеделник и среда, 18:00–19:00
Каде
Мала сала, „Ј. А. Коменски“

Возрасни — рекреативна група

Кога
Вторник и четврток, 19:00–20:00
Каде
Мала сала, „Ј. А. Коменски“

Што развиваме?

Фолклорните активности значително придонесуваат за целокупниот развој на детето. Преку учењето на традиционалните ора и песни, децата ја развиваат меморијата, концентрацијата и способноста за следење на комплексни секвенци. Фолклорот ја поттикнува креативноста и емоционалното изразување, а истовремено ја гради самодовербата кај детето преку заеднички настапи и успеси. Во групата се развиваат важни социјални вештини, како соработка, трпение, почитување на правилата и градење на пријателства. Најважно е што децата се поврзуваат со својата културна традиција, развивајќи чувство на припадност, национална свест и почит кон наследството.

Воедно, фолклорот позитивно влијае на физичкото здравје на детето, а традиционалните ора ја подобруваат координацијата, рамнотежата и моториката, ги зајакнуваат мускулатурата и коските, а истовремено го стимулираат кардиоваскуларниот систем. Редовното движење придонесува за правилен развој на скелетот, подобро држење на телото и одржување на здрава телесна тежина.

На овој начин, фолклорот станува моќно средство за воспитување и формирање на вредности кај децата уште од најмала возраст.

1.000 ден.

месечна членарина

Насловна страница на сликовницата „Капина и Војдан во волшебниот свет на традицијата“

Сликовница и боенка

Капина и Војдан во волшебниот свет на традицијата

Авторска сликовница и боенка од Едита Автова — Капина и Војдан ги водат најмалите низ светот на македонската носија и традиција, страница по страница, за читање и боење.

250 ден.

Нарачај на тел: 072 236 441

Контакт